wordpress counter

Пилешко месо со маслинки на ловечки начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт е за вкусен ручек во кој може да ужива целото семејство. Приготвувањето е едноставно, без премногу состојки, а резултатот е особено вкусен специјалитет.

СОСТОЈКИ
● 1 пиле (околу 1.2 кг исечено на парчиња)
● 300 гр шери домати
● 150 мл сок од домати
● 80 гр црни маслинки
● 30 гр филети инчун во масло
● 4 ловорови листа
● 1 чаша црно вино
● 1 чешне лук
● 1 морков
● целер
● рузмарин
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчистете ги целерот и морковот, насечкајте ги крупно и пропржете на загреано масло заедно со лукот, инчуните и ловоровите листови. Додадете ги парчињата пилешко и пржете неколку минути.

Чекор 2: додадете ги маслинките, а по една минута налејте го виното и почекајте алкохолот да испари (1-2 минути). Додадете ги шери домати пресечени на половина, сокот од домати и рузмарин. Зачинете со сол и бибер и продолжете со варење на умерен оган уште 30 минути.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Зелен, енергетски смути

Овој пијалак е одличен начин да се наполните со енергија токму во текот на овие студени денови. Освен енергија, ова...

Close