wordpress counter

Пилешко месо со ореви (Pule me arra)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

За дене­шното мени се оби­довме да про­нај­деме рецепт кој е дел од тра­ди­ци­о­на­лната албан­ска кујна. И нај­довме нави­стина одлична ком­би­на­ција од пиле­шко месо и сос од ореви.

СОСТОЈКИ
• 4 пого­леми пиле­шки гради
• 1 шолја пот­пе­чени ореви
• 1 шолја супа од пиле­шко месо
• ¼ шолја путер
• 2 големи лажици бра­шно
• 2 големи лажици оцет
• 2 чешниња лук
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Пиле­шките гради пот­пе­чети ги на темпе­ра­тура од околу 200°С. Во текот на пече­њето про­ве­ру­вајте и завр­тете ги.

Путе­рот сто­пете го во тава на уме­рен оган. Дода­дете бра­шно и мешајте посто­јано. Потоа дода­дете супа од пиле­шко месо и оста­вете да зоврие со посто­јано мешање, за да не се напра­ват топчиња.

Потоа, дода­дете оцет, лук, ореви, сол и и бибер. Про­ме­шајте и про­пр­жете уште малку. Се сервира пре­ли­ено преку месото од пиле­шки гради.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во За убав ручек