wordpress counter

Пилешко со печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 4,80 од 5)


За денеска ви предлагаме вкусен ручек кој може да го подготвите за само 60-тина минути. Има неколку состојки, но заедно создаваат вистински специјалитет од месо и печурки. Неговата подготовка не бара големи кулинарски способности, така што овој ручек може да го подготви секој.

СОСТОЈКИ (за две порции)
• 2 пилешки батаци со карабатак
• 2 главици кромид
• малку лук
• 200 гр шампињони
• еден домат
• сол и бибер
• кора од лимон
• зачини

ПОДГОТОВКА
Одвојте ја коската од пилешките батаци. Месото премачкајте го со маслиново масло, посолете, додадете бибер и зачини и малку кора од лимон.

Најдобро е да го печете на скара или на грил тава. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Испеченото пилешко месо наредете го во чинија за послужување.

На загреано масло, пропржете го кромидот, додадете ги исечканите шампињони, лукот и исечканиот домат. Потоа, зачинете со сол, бибер и мирисни тревки. Пржете сѐ додека не омекнат шампињоните и зеленчукот.

На крајот, прелијте ги печурките врз парчињата пилешки батак.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails