wordpress counter

Плескавици од компири, сирење и моркови

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека пролетта ја замени зимата, одбравме рецепт кој оди со оваа годишно време. Наместо плескавици од месо, ова омилено јадење може да се приготви и со зеленчук. Еве како.

СОСТОЈКИ
• 300 гр компири
• 150 гр моркови
• 3 свежи пиперки
• 150 гр сирење
• 1 јајца
• 2 лажици ситно сечкан магданос
• по 1 мала лажица сол и бибер
• лебни трошки

за похување на плескавиците
• 100 гр брашно
• 1 јајце
• 3 големи лажици лебни трошки
• 1.5-2 дл масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: излупете и измијте ги компирите и морковите. Потоа, ставете ги да се варат. Кога ќе биде сварен зеленчукот, изавадете го од вода и испасирајте го.

Чекор 2: изавадете ги семките од пиперките и исечкајте ги на ситни парчиња. Сирењето издробете го со вилушка. Во пасираниот зеленчук додадете ги сирењето, јајцето, сол и бибер. Добро измешајте, со помош на миксер.

Чекор 3: во изматената смеса додадете ги пиперките и магданосот и измешајте со дрвена лажица. Ако смесата е премногу влажна, додадете лебни трошки. Со рацете обликувајте плескавици.

Чекор 4: загрејте масло на средна температура. Во една чинија изматете јајце. Најнапред плескавиците извалкајте ги во брашно, па во јајце и на крај во лебни трошки. Пржете од двете страни. Кога ќе се испржат, оставете ги на хартија, за да се впие вишокот масло.

Related Posts with Thumbnails