wordpress counter

Похувани полжави

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ќе признеме дека ова е малку необичен рецепт, со оглед дека ретко полжавите се дел од нашата трпеза. Но, тие имаат малку маснотии и многу протеини, додека нивното месо содржи минерали и есенцијални аминокиселини.

Ако ова не е доволно за да ве натера да го подготвите, тогаш необичниот вкус нека ви биде предизвик.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 100 гр исчистени и варени полжави
• 2 јајца
• малку брашно
• лебни трошки
• сол и бибер
• масло за пржење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исцедете ги и исушете ги на хартија пожавите кои претходно сте ги исчистиле и сте ги свариле.

Посолете ги и зачинете ги со бибер исушените полжави. Потоа, извалкјате ги во брашно, јајца и лебни трошки, за да бидат подготвени за похување.

Пржете кратко, во многу масло кое е добро загреано. Се сервира со тартар сос или „Aglio e Olio“ сос.

Related Posts with Thumbnails