wordpress counter

Полнети свински медаљони

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на вкусно јадење приготвено од свинско месо. Медаљоните можат да се полнат на различни начини, но ние денес го одбравме следниот начин:

СОСТОЈКИ
● 8 парчиња свинско каре
● 200 гр крем сирење
● 400 гр спанаќ
● 50 гр пармезан
● 100 гр кашкавал
● 2 јајца
● 100 гр корнфлекс
● масло за пржење
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете го спанаќот во малку вода и варете го неколку минути. Потоа, исцедете го и исчекајте го ситно. Ставете го во сад и измешајте го со крем сирењето, ренданиот пармезан и кашкавалот. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 2: изматете ги јајцата со малку бибер. Иситнете го корнфлексот со сукало. На секое парче месо направете засеци и наполнете ги со спанаќ и сирење. Потоа, медаљоните ставете ги во матено јајце, па во корнфлекс и со прсти притиснете ги отворите за да се затворат.

Чекор 3: загрејте масло во сад и пржете ги медаљоните по 3-4 минути од секоја страна. Откако ќе се испржат, ставете ги на хартија за да се впие маснотијата. Се сервираат со домати, магданос, сол и бибер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Солени колачи од шкампи

Овие солени колачи водат потекло од тајландската кујна. Имаат интересен вкус, за кој веруваме дека ќе ви се допадне. Подготовката...

Close