wordpress counter

Полнето свинско каре

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е рецепт за главно јадење, со кој ќе ги изненадите и вашите најпробирливи пријатели. Времето на подготовка е малку подолго (околу 2 часа), но верувајте дека се исплати секоја секудна помината во кујната. А, со оглед дека ние сме гурмани, тоа воопшто нема да ни биде тешко.

СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1,5 кг свинско каре
• 1 лажица микс од зачини
• сенф
• сол и бибер

за полнење
• 100 гр пилешки џигер
• 100 гр шампињони
• 100 гр праз (само белиот дел)
• 30 гр чадена сланина
• масло за готвење
• 100 гр ориз
• 100 гр тврд кашакавал
• 2 јајца
• магданос

ПОДГОТОВКА

за свинско каре
Одвојте го свинското каре од коската и засечете го по должина, така што ќе направите голем квадратест одрезок. Потоа, истолчете го со чекан за месо, ставете сол и бибер.

Премачкајте ја страната на која ќе ги редите состојките за полнење со сенф, посипете малку зачин и оставете го месото на страна. Откако ќе ја приготвите смесата, наредете ја врз месото, свиткајте го во форма на ролат и заврзете го со кујнски конец.

Ставете го во сад за печење, врз хартија за печење, на која сте ставиле масло. Печете 60 минути на температура од 170℃ со повремено полевање со вода. Сервирајте исечено на тенки кругови.

за полнење
Исечкајте ги шампињоните на листови. Измијте го убаво празот и белиот дел исчекајте го на тркалца. Сланината и пилешките џигерчиња нека бидат ситно исечкани.

Оризот нека биде полу сварен и врз него изрендајте го кашкавалот. Кратко пропржете ги сланината и празот на масло. Потоа, додадете ги шампињоните и џигерчињата. Посолете и кратко пржете. Тргнете од оган.

Откако малку ќе се излади, изматете ги јајцата и додете ги кон смесата. Потоа, ставете магданос и ориз и малку пропржете.

Related Posts with Thumbnails