wordpress counter

Посебна пастрмка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


ПОСЕБНА ПАСТРМКА

Македонската кујна е обележана од неброени кулинарски бисери, меѓу кои и многу начини за подготовка на охридската пастрмка. Во овој крај, рибата од секогаш била и ќе остане традиционална храна, а техниката на нејзината подготовка се усовршува со секоја измината минута. Искуството на готвачот, желбата на гостинот, креативноста и умешноста, сето тоа заедно е дел од подготовката на неповторливо вкусна пастрмка, зготвена на охридски начин. Од многуте неодоливи и уникатни рецепти, се одлучив за овој, my personal favorite, бидејќи на компактен и едноставен начин ги спојува моите омилени вкусови: спанаќ – пролетна понуда на здрава храна, сирење – го јадам со сè и сешто, лимон – ултимативниот додаток на моите салати и десерти и морско оревче – мирисот кој еднаш ми се врежа во назалниот предел и од тогаш не можам без него.

Подготвувањето традиционална македонска храна секогаш бара големо внимание и умешност. Но, не се двоумете да го пробате овој рецепт, иако не сте искусен готвач. Ќе бидете изненадени од своите можности, кога сите ќе ве пофалат за овој прекрасен ручек, а најмногу вашиот полн стомак. Рецептот, инаку се вика „Полнети пастрмки”. На здравје! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 4 пастрмки од по 250 гр
• сок од лимон
• путер
• сол и црн пипер
• 1 лимон и магдонос за украсување

ЗА ФИЛ
• 100 гр сечкан замрзнат спанаќ
• 100 гр младо несолено сирење
• 1 супена лажица брашно
• 1 жолчка
• 2 супени лажици кисела павлака
• рендана кора и сок од лимон
• малку морско оревче
• сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА
Пастрмките најпрвин исчистете ги, измијте ги и избришете ги со крпа. Отстранете им ја средната коска сечејќи кај опашот и главата. Посолете, ставете црн пипер и попрскајте ги со сок од лимон.

ФИЛ
Полека одмрзнете го спанаќот на шпорет. Кога водата ќе испари, додајте го младото несолено сирење и мешајте со дрвена лажица. Ставете го брашното, жолчката, павлаката, сокот и кората од лимон, сол, црн пипер и морско оревче. Филот поделете го на четири дела и наполнете ги пастрмките. Добро затворете ги за да не истече филот. Направете четири парчиња алуминиумска фолија и премачкајте ги со путер. На секоја ставете по една пастрмка, а на рибите направете им по три реза со нож и завиткајте ги во фолијата. Ставете ги во тава за печење, прелијте ги со вода што врие на висина од еден сантиметар и печете ги 30 минути.

Related Posts with Thumbnails