wordpress counter

Потпечен микс од тиква и компири

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со доаѓањето на есенските денови, нашите трпези не можат да се замислат без портокаловата убавица – тиквата. Нејзината популарност доаѓа и од фактот што може да се користи и во солени и во слатки јадења. Денес ви претставуваме еден вкусен рецпет – потпечен микс од тиква и компири.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 0.5 кг помали компири, исечени на половина
• 700 гр тиква
• ½ шолја густ сок од јаболко
• 300 мл сок од супа
• малку рузмарин, сол, бибер и оригано
• 1 поголем виолетов кромид, ситно исечкан
• 3 домати, исечени на подебели тркалца
• пармезан
• 1 шолја лебни трошки

ПОДГОТОВКА (70 минути)
Загрејте ја рерната на 180℃. Во сад со средна големина ставете ги компирите и налејте вода колку да ги покриете. Оставете водата да зоврие и компирите да омекнат. Исцедете ги.

Во друг, поголем сад, измешајте ги тиквата (исечкана на коцки), сокот од јаболка, сокот од супата и рузмаринот. Оставете да зоврие и потоа нека се вари уште 15-тина минути. Додадете кромид и варете уште 10 минути. Отстранете го гранчето рузмарин и додадете сол и бибер.

Половинките компири исечете ги на тркалца и половина од нив наредете ги во тава за печење. Врз нив ставете половина од доматите и попрскајте со оригано. Попрскајте со сол, бибер и пармезан.

Потоа, наредете од коцките тиква и додадете од сокот во кој се вареа. Постапката (започнувајќи со компири) повторете ја уште еднаш. Остатокот од пармезанот измешајте го со лебните трошки и попрскајте на врвот од тавата.

Печете околу 35-40 минути, или додека јадењето не се потпече и горниот слој не стане златно-кафен. Се служи топло.

Related Posts with Thumbnails