wordpress counter

Потпечен зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека сега е сезона во која може да уживаме во најразлични видови зеленчук, ви го предлагаме овој специјалитет. Лесен за подготовка, овој оброк изобилува со бои и ароми кои ќе ви донесат вистинско кулинарско задоволство.

СОСТОЈКИ
• 2 тиквици
• 2 модри патлиџани
• 3 комири
• 4 домати
• 200 гр кашкавал
• сол и бибер
• босилек
• рузмарин
• масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: секое од парчињата зеленчук добро да се измијат (може и да се излупат ако сакате) и потоа да се насечкаат на тенки кругови.

Чекор 2: во подмачкан сад за печење, наредете кругови тиквици, модар патлиџан, компири, домати и тенки листови кашкавал. Кога ќе ги потрошите сите состојки, посолете и ставете бибер. На крај, посипете со босилек и рузмарин. Ставете малку вода и рендан кашакавал одозгора. Печете 20-тина минути на 180℃.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нишлијка готвела на кралски приеми

Јелисавета Станковиќ од Ниш, Србија е веројатно најпознатата српска готвачка. Оваа 31-годишна девојка била дел од тимот на готвачи во...

Close