wordpress counter

Потпечена палента со сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Палентата е фино мелено бело или жолто пченкарно брашно, кое може да се комбинира на бројни начини. Може да се приготвува како топчиња, стапиња или паштета и потоа да се пржи во масло, може да се вари или да се приготвува печена.

Денешниот рецепт е токму печена палента со сирење.

СОСТОЈКИ (4-6 лица)
• 1/3 шолја путер
• 1 пакување палента
• 3 големи лажици маслиново масло
• 2 главици кормид, ситно сечкани
• сол, бибер и морско оревче
• ¾ шолја моцарела или чедар, сечкано
• 3 големи лажици магданос
• 1/3 шолја пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете ја палентата и додадете 1/3 од путерот во неа. Измешајте убаво. Попрскајте малку вода на работната површина. Ставете ја палентата на работната површина и истегнете ја до дебелина од 1.5 см. Оставете да се излади, а потоа со помош на кружен калап, отсечете кружни делови од неа.

Чекор 2: загрејте го маслото во подлабок сад со една голема лажица путер. Додадете го кромидот и пропржете на умерен оган. Зачинете со морско оревче, сол и бибер. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Чекор 3: намачкајте го дното на садот за печење со путер. Ставете малку од пржениот кромид и наредете еден слој од кругови палента. Потоа, ставете слој од моцарела или чедар, наросете пармезан и магданос и на крај зачинете со сол и бибер. Повторете го овој чекор, сѐ додека има доволно состојки. Завршете со сирење и малку путер.

Чекор 4: печете 20-25 минути, односно додека сирењето не се стопи.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails