wordpress counter

Потпечени чадени ребра и компири

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


За овој викенд ви предлагаме да приготвите нешто навистина вкусно. Ако сте љубители на месото, овој рецепт нема да го пропуштите. Одличен неделен ручек за целото сeмејство.

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 1 кг чадени ребра
• 2 лажици масло
• 2 кг компири
• 200 гр кашкавал
• сол, бибер, мешан сушен зачин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете го компирот и пресечете го на четири дела. Посолете и ставете зачин по вкус. Во меѓувреме, засечете ги ребрата, попрскајте ги со мешан сув зачин, сол и бибер.

Во садот за печење, ставете малку масло и вода, наредете ги компирите и наредете ги претходно подготвените чадени ребра. Садот затворете го со алуминумска фолија и печете околу половина час на температура од 180℃.

Потоа, извадете ја фолијата и изгаснете го шпоретот, изрендајте кашаквал врз ребрата и комирите и оставете ги уште малку да се допечат.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails