wordpress counter

Рагу со мисирка и зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој викенд го посветуваме на едно од најубавите јадења. Станува збор за рагу, во комбинација со месо од мисирка и разновиден зеленчук. Ако наведеме дека зборот рагу доаѓа од францускиот „ragout“ што значи „го зголемува апетитот“, тогаш јасно е за каков специјалитет станува збор.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 600 гр месо од мисирка
• 2 чешниња лук
• 1 лимон
• 2 зелени пиперки
• 1 полна лажица рузмарин
• 1 полна лажица мајчина душица
• 2 главици кромид
• 500 гр домати
• 1 лажица пире од домати
• сол и бибер
• ловоров лист и магданос

ПОДГОТОВКА
Месото треба да се измие со ладна вода, да се исуши и потоа да се исечка на коцки. Изгмечете го лукчето, додадете сок од лимон, рузмарин и мајчина душица и целата смеса измешајте ја со месото.

Излупете го кромидот и исечкајте го ситно. Отстранете ги семките од пиперките и потоа и нив исечкајте ги на коцки.

Доматите треба да се попарат со врела вода, да се исечат на половина, да се излупат и да се отстранат семките. На крај, ситно исечкајте ги доматите. Потоа, пропржете ги кромидот и пиперките на 2 лажици маслиново масло неколку минути.

По неколку минути додадете ги месото и доматите и динстајте уште 5 минути, сѐ додека не зоврие сосот. Пирето од домати промешајте го со 200 мл вода и полијте го месото. Додадете и неколку листови ловор, бибер и сол.

Така подготвено, динстајте го месото уште 25 минути, односно сѐ додека не стане меко.

Се сервира со варен ориз или друг прилог по ваша желба.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails