wordpress counter

Раженчиња со месо од мисирка, спанаќ и инчуни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Месото од мисирка е едно од највкусните меса кои може да се најдат на трпезата. Секако, ако е приготвено на вистинскиот начин. Содржи малку масти (на пример, порција од 140 гр без кожа има само 7 гр масти).

Денешниот рецепт е токму рецепт за приготвување на вкусно мисиркино месо.

СОСТОЈКИ
● 600 гр гради од мисирка, сечени на шницли
● 250 гр домати
● 40 гр филети од инчун во масло
● 50 гр пармезан, исечен на листови
● 100 гр спанаќ
● 1 чешне лук
● половина чаша бело вино
● 1 гранче рузмарин (или 2 мали лажици сув рузмарин)
● половина лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете ги шницлите помеѓу два листа хартија за печење и толчете ги со кујнски чекан за да добиете рамна површина. Потоа, отстранете ја хартијата која се наоѓа врз месото, додека таа што е под месото оставете ја.

Чекор 2: на шницлите распоредете 30 гр инчуни, пармезан и листови спанаќ. Направете ролат од шницлите и исечете ги на парчиња. Наредете ги на стапчиња за раженчиња.

Чекор 3: загрејте неколку лажици масло заедно со лук и рузмарин. Потоа, пропржете ги ролатите. Залејте со вино, почекајте да испари алкохолот (1-2 минути), ставете сол и и затворете го садот. Динстајте уште 10-тина минути. Во меѓувреме, иситнете ги со помош на вилушка и преостанатите инчуни, измешајте ги со сок од лимон, 4 лажици масло и малку бибер. Исечете ги доматите на тркалца и прелијте ги со сосот од инчуни.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Пилешко месо со маслинки на ловечки начин

Денешниот рецепт е за вкусен ручек во кој може да ужива целото семејство. Приготвувањето е едноставно, без премногу состојки, а...

Close