wordpress counter

Раженчиња со сос од сино сирење и кисели кромидчиња

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Станува збор за јадење кое е едноставно, класично, вкусно и има мал пресврт за да стане поинтересно. Она што е најважно е да не очекувате дека ќе остане нешто. Трпезата ќе биде празна за многу кратко време.

СОСТОЈКИ (12 раженчиња)
● 500 гр говедско, сечкано на мали парчиња
● 12 дрвени стапчиња за раженчиња

за сос од сино сирење
● 120 гр сино сирење
● 1 шолја кисела павлака
● ¼ шолја матеница
● 2 големи лажици власец, ситно сечкан

за кисели кромидчиња
● 3 виолетови кромиди, сечени на тркалца
● 1 шолја оцет
● 1 шолја вода
● ½ шолја шеќер
● 2 мали лажици бибер во зрна
● 2 ловорови листа

ПРИГОТВУВАЊЕ

за сосот и раженчињата
Помешајте ги сите состојки за сосот, покријте го садот и оставете да одлежи во фрижидер барем час и половина (најдобро преку ноќ). Исечете го месото и наредете ги парчињата на стапчињата. Посолете и ставете бибер. Загрејте ја скарата (или решетката) на силен оган и печете по 1 минутa од двете страни. Оставете 5 минути да се изладат. Сервирајте со сос од сино сирење и кисели кромидчиња.

за киселите кромидчиња
Ставете ги оцетот, водата, шеќерот, биберот и листовите ловор во мал сад и ставете на оган за да зоврие смесата (околу 5 минути). Оваа смеса налејте ја врз кромидчињата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Пет трендови во здравата исхрана

На изложбата на природни производи која неодамна се одржа во Балтимор, САД претставени се неколку производи кои сè повеќе заземаат...

Close