wordpress counter

Риба на жар

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако зборуваме за медитеранската кујна, тогаш таа не може да се замисли без сина и бела риба. Од сините риби преовладуваат скушата, туната, сарделата и харингата, додека од белите орада, ослич и зубатац.

За следниот рецепт, каква риба и да одберете – нема да погрешите.

СОСТОЈКИ
• чистена морска риба (околу 300 гр по порција)
• сол
• лук, ситно сечкан
• магданос, ситно сечкан
• маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: добро посолете ја исчистената риба. Земете сол во рака и добро втријте по должината на рибата. Така посолена нека отстои барем едена час во фрижидер, за да може солта убаво да се апсорбира во рибата.

Чекор 2: загрејте ја скарата и убаво испечете ја рибата на средна температура. Во меѓувреме, насечкајте го лукот и магданосот и помешајте ги со маслиново масло. Добиениот сос прелијте го по целата риба.

Сервирајте ја рибата со варени компири, блитва или некоја салата со сезонски зеленчук.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како да приготвите сушени домати?

Со оглед дека во овој период имаме домати во изобилство, може да приготвите и сушени домати. Она што ќе ви...

Close