wordpress counter

Пастрмка со путер и бадеми

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт, по француски терк, е еден од најпопуларните во јужните делови на САД. Станува збор за пастрмка во комбинација со путер и бадеми – вкусен рецепт кој можат да го смислат само французите. Останува ние да го подготвиме и да уживаме во храната.

СОСТОЈКИ
• 220 гр путер
• 1 голема лажица вински оцет
• 2 мали лажици сок од лимон
• масло од репа
• 2 шолји млеко
• 2 јајца
• 2 шолји брашно
• 200 гр пастрмка
• сол и бибер
• 3 шолји печени бадеми, сечкани
• 1 голема лажица магданос, ситно исечкан
• 1 лимон, пресечен на кругчиња

ПОДГОТОВКА
Растопете го путерот на умерен оган. Гответе сѐ додека путерот не добие кафена боја (околу 20-25 минути). Отстранете од оган, додадете ги оцетот и сокот од лимон и оставете го настрана садот со сос.

Налејте го маслото од репа во сад за пржење и загрејте го. Во плиток сад, изматете ги јајцата и млекото, додека брашното ставете го во друг плиток сад. Зачинете ја рибата со сол и бибер. Рибата добро посипете ја со брашно од двете страни и потоа потопете ја во смесата со млеко и јајца. Потоа, уште еднаш попрскајте со брашно. Пржете околу 5-6 минути, сѐ додека не добие златно-кафена боја. По пржењето, рибата ставете ја на салфетки, за да се впие маснотијата.

При сервирањето попрскајте со бадеми. Измешајте го сосот и налејте го врз рибата. Гарнирајте со магданос и парчиња лимон.

Related Posts with Thumbnails