wordpress counter

Рибарска приказна: Сипа и грашок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Испробајте ја оваа варијација на стари рибарски рецепти од Пезаро, покраината Марке, која се наоѓа на италијанскиот дел од Јадранското море.

За приготвување ќе ви бидат потребни 2 часа, а овој специјалитет можете слободно да го сервирате како главно јадење.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
● 1,5 кг поголеми сипи (околу 400 гр)
● 1 голема главица кромид
● 400 гр домати – пелати
● 3-4 чешниња лук
● 1 китка магданос и коромач
● малку лута пиперка
● 50 мл бело вино
● 1 голема лажица оцет
● 50 мл маслиново масло
● 400 гр грашок, смрзнат

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчитете ги добро сипите и по можност тргнете ја кожата. Измијте и исечете ги на тенки ленти или коцки. Во сад за пржење ставете насечкан кромид и лута пиперка и пропржете на умерен оган.

Чекор 2: додадете ги сипите, исчеканиот лук и магданос. Засилете го огнот и пропржете ги набрзина сипите. Налејте мешавина од оцет и вино и оставете алкохолот да испари. Потоа, додадете ги испасираните пелати.

Чекор 3: оставете сите состојки да се динстаат на умерен оган во покриен сад. Откако ќе омекне сипата, додадете грашок, промешајте и додадете вода за да пливаат сите состојки. Продолжете со варење на умерен оган, додека не се свари грашокот.

Чекор 4: пред самото сервирање внимателно додадете сол и бибер. Внимателно, бидејќи многу лесно може да ја пресолите сипата. Се сервира со палента. Во пролет се сервира со коморач, кој посебно ќе го збогати ова јадење.

Related Posts with Thumbnails