wordpress counter

Рижото од тиква и вргањ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тиквата е карактеристичен есенски плод. Богата е со антиоксиданси, диететски влакна, магнезиум, калиум и витамини Б, Ц, Е и К. Покрај придобивките за нашето здравје, тиквата има фантастичен вкус, кој може да се комбинира со многу продукти.

Една таква комбинација е и денешниот рецепт.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 350 гр ориз
● 300 гр вргањ
● 500 гр тиква
● 1 главица кромид
● сол и бибер
● 50 гр путер
● 50 мл маслиново малсо
● малку црвен пипер и магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измијте го и добро исцедете го оризот. Во меѓувреме, го чистиме кромидот, го сечкаме ситно и го пропржуваме на путер и маслиново масло.

Чекор 2: ги додаваме тиквата (сечена на коцки) и оризот. Сите состојки ги пржиме заедно. Потоа, додаваме вода или малку супа, зачинуваме и оставаме да се вари.

Чекор 3: вргањот го чистиме и го сечеме на коцки. Го пропржуваме на путер и потоа го додаваме на оризот. Промешајте за да се добие хомогена смеса и на крај додадете малку путер. Како декорација се става магданос.

Совет: печурките никогаш не ги мијте во вода, тука бриште ги со влажна крпа. Водата ги отстранува нивните најважни состојки.

Related Posts with Thumbnails