wordpress counter

Рижото со брокула и туна

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед на состојките и богатиот вкус, овој специјалитет можете да го приготвите и како предјадење, но и како главно јадење. Готово јадење добивате за околу 1 час, а за него ќе ви бидат потребни следниве:

СОСТОЈКИ
• 1 главица виолетов кромид
• 1 поголема главица брокула
• 1 шолја ориз
• 1 конзерва туна во маслиново масло
• 3 чешниња лук
• магданос
• сол, бибер, сув зачин, копар

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: иечкајте го кромидот и пропржете го на маслото кое сте го извадиле од лименката со туна. Кога кромидот ќе омекне, додадете половина литар вода и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете ја брокулата исчекана на мали парчиња.

Чекор 2: кога ќе омекне брокулата, испасирајте и повторно вратете ја во садот и варете на умерен оган.

Чекор 3: додадете шолја ориз, сол и зачини. Кога ќе се свари и оризот, тргнете го садот од оган. Додадете ја туната, исечкана на помали парчиња и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails