wordpress counter

Рижото со шафран

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Рижото со шафран е лесно јадење во кое можете да уживате секогаш кога ќе посакате. Мошне е вкусно, а подготовката е вистинска поезија. Ви го претставуваме овој посебен рецепт:

СОСТОЈКИ (количината на состојки зависи од бројот на гости)
• ориз
• кромид
• магданос
• мајчина душица
• маслиново масло
• сол и бибер
• печурки, пченка, тиквици
• шафран
• 1 дл бело вино
• 1 литар вода со микс од солен сув зачин (внимавајте да не го направите пресолено)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исечкајте го кромидот во количина која ќе го покрие дното на садот во кој ќе готвите (еден поголем и еден помал кромид). Додадете магданос. Кратко пропржете го кромидот на маслиново масло и потоа додадете го оризот.

Мешајте околу минута-две и потоа залејте со 1 дл вино. Откако виното ќе испари (по неколку секунди) налејте 1 дл од водата со зачини. Потоа додадете сол, бибер и мајчина душица.

Полека налевајте од водата со зачини (по 1-2 дл) и постојано мешајте. Пред да се свари оризот, додадете го зеленчукот и проверете дали е потребно да се додадат уште зачини.

На крајот ставете шафран и тргнете го јадењето од оган.

Совет: ова рижото може да стои и во фрижидер, а кога ќе го јадете, само треба да го загреете со малку вино, маслиново масло и малку вода.

Related Posts with Thumbnails