wordpress counter

Ролат со месо од мисирка и праз

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


За ова саботно попладне ви предлагаме еден посебен рецепт – ролат со месо од мисирка и праз. Оставаме на вас, ако празот не е по ваш вкус, можете да го замените со спанаќ или блитва. Сепак, без оглед за која комбинација ќе се решите, специјалитетот ќе биде вкусен.

СОСТОЈКИ
• 1 пакување лиснато тесто
• ½ килограм мелено месо од мисирка
• 1 праз
• 1 јајце
• магдонос
• сол

ПОДГОТОВКА
Иечкајте го празот и ставете го во сад во кој претходно сте зовриле вода. Варете околу 2 минути, потоа процедете. Во месото од мисирка ставете јајце, магдонос и сол по желба. Измешајте убаво, за да се поврзат сите состојки.

Исукајте го лиснатото тесто и поделете го на половина. На едната половина ставете месо, праз и свиткајте го како ролат. Истото направете го и со другата половина од тестото.

Печете во сад премачкан со маргарин или на хартија за печење, околу 45 минути на температура од 170℃.

Related Posts with Thumbnails