wordpress counter

Ролувано свинско месо со панчета

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ви претставуваме еден навистина убав рецепт за богат ручек. Веруваме дека сите покрај трпезата ќе бидат подеднакво среќни и задоволни кога ќе биде сервирано ова гастрономско ремек дело.

СОСТОЈКИ
● 2,3 кг месо од свински гради
● 400 гр панчета
● 250 гр брусници
● 2 главици кромид
● 4 чешниња лук
● малку свежо рендан ѓумбир
● 1 мала лажица цимет
● 1 врзоп магданос
● 200 гр путер
● 200 гр лебни трошки
● црвен пипер
● 1 јајца
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчистете го месото од свински гради од коските. Посолете и попрскајте бибер од двете страни. Во сад, пропржете го на путер ситно сечканиот кромид и лук.

Чекор 2: потоа, додадете ги брусниците и магданосот. На крај, додадете лебни трошки, 1 јајце, сол и бибер по вкус. Оставете смесата да се излади, ставете ѓумбир и цимет, а потоа со неа премачкајте ја внатрешната страна од месото. Замотајте го месото, наредете листови панчета еден до друг и врзете го со кујнски конец.

Чекор 3: печете на температура од 160 степени со повремено додавање на вино и супа. Печете од 90-110 минути. По печењето, оставете малку да се излади и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails