wordpress counter

Шницли од бифтек со рузмарин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


За овој вкусен деликатес ќе ви бидат потребни:

СОСТОЈКИ
● 750 гр бифтек
● 2 мали главици виолетов кромид
● 150 гр горгонѕола
● 5 големи лажици павлака за готвење
● половина чаша бело вино
● 2 гранчиња рузмарин
● брашно
● 50 гр путер
● мускатно оревче
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: излупете го кромидот и ситно исечкајте го. Динстајте го со 20 гр путер и малку сол околу 15-тина минути на многу тивок оган. Ако е потребно, додадете лажица жешка вода, за да не потемни кромидот.

Чекор 2: залејте со вино и чекајте да испари барем половина од течноста. Потоа, додадете ги горгонѕолата и павлаката. Почекајте да се растопи сирењето и зачинете со рендано мускатно оревче и свежо мелен бибер. Садот тргнете го од оган.

Чекор 3: бифтекот исечете го на шницли со дебелина од 2 см. Шницлите убаво попрскајте ги со брашно и пропржете ги во сад со преостанатиот путер и со рузмаринот. Пржете ги шницлите по 2 минути од секоја страна. Сервирајте со кремот од горгонѕола.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Данско печиво

За ова јадење постои интересна приказна. Имено, повеќето земји го нарекуваат данско печиво, а името му го дал данскиот готвач...

Close