wordpress counter

Шунка со ананас и Кока Кола

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт бара повеќе труд и време да се подготви, но резултатот ќе биде фантастичен. Го предлагаме за некоја посебна прилика, кога сакате вкусно да ги изненадите вашите најблиски.

СОСТОЈКИ
• 5 кг шунка (цело парче)
• 8 кругчиња ананас
• 30-тина каранфилчиња
• 2 ½ шолји кока кола
• 2 суви пиперки, ситно исечкани
• 1/3 шолја мед

ПОДГОТОВКА
Ставете ја шунката во голем длабок сад и покријте ја со вода. Оставете ја да зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари уште еден час.

Загрејте ја рерната на температура од 180℃. Шунката ставете ја во тава за печење. Со помош на чепкалки, прицврстете го ананасот на шунката. Попрскајте со каранфличиња. Налејте 2 шолји Кока Кола врз шунката. Покријте со фолија и печете 1 час.

Во меѓувреме, помешајте ги преостаната Кока Кола, сушените пиперки и медот во тава за пржење. Оставете да зоврие и потоа намалете ја температурата. Гответе со постојано мешање, сѐ додека глазурата не добие сируп текстура (околу 12-15 минути).

Попрскајте ја шунката со глазурата и потоа печете уште 15-20 минути на температура од 260℃, сѐ додека не стане златно-кафена. Оставете да се излади 20-тина минути пред да сервирате.

Related Posts with Thumbnails