wordpress counter

Сом во сос од шафран

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден предлог за навистина убав, вкусен ручек. Рецептот е за главно јадење, а приготвувањето трае околу 30-тина минути. Затоа, сите вљубеници во рибата, засукајте ги ракавите и уживајте додека го приготвувате овој рецепт.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 2 исчистени одрезоци сом
• 1 помал кромид, ситно исечкан
• 1 голема лажица маслиново масло
• 200 гр домати, исечкани на коцки
• 1 шолја исечкани тиквици
• малку шафран
• малку лук, ситно сечкан
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во поголем сад, пропржете го кромидот на маслиново масло. Додадете сол и полека загреавајте, сè додека кромидот не добие стаклест изглед. Потоа, додадете ги доматите и шафранот и загрејте до точка на вриење.

Чекор 2: следни на ред се тиквичките и одрезоците сом. Ставете ги во садот и покријте со поклопец. Варете додека не омекне рибата. На крај, додадете бибер и малку лук.

Bon Appétit!

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Продукти кои содржат најмногу омега-3 масни киселини

Многу луѓе се свесни дека им фалат омега-3 масни киселини, но многу малку од нас навистина внимаваме колку внесуваме. И...

Close