wordpress counter

Свински бифтек во сос од сенф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење е вистински избор за богат викенд-ручек. За подготвка не треба многу време, а и состојките се едноставни и можат да се најдат во речиси секоја продавница.

Останува вие да ги засукате ракавите и да влезете во најубавото место во домот – кујната.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 300 гр тестенини
● масло
● 4 парчиња свински бифтек
● сол и бибер
● 200 мл бело вино
● 3 големи лажици сенф
● 2 големи лажици вода
● 2 мали лажици скроб

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете ги тестенините согласно упатството за приготвување кое го има на самото пакување. Откако ќе се сварат, убаво исцедете ги. Во меѓувреме, загрејте многу малку масло во сад за пржење.

Чекор 2: посолете го месото и пржете го на масло 5-6 минути. Во друг сад промешајте ги виното и сенфот и потоа сосот налејте го во садот со месо. Садот затворете го и динстајте на умерен оган 10 минути. Извадете го месото од садот и чувајте го на топло.

Чекор 3: во мал сад, измешајте ја водата и скробот. Додадете ја оваа смеса во тавата и пропржете 1 минута со постојано мешање. Зачинете го месото со бибер и сервирајте со сосот и тестенините.

Related Posts with Thumbnails