wordpress counter

Свински котлети со пиво

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Пивото одлично се комбинира со зачинети јадења од која било светска кујна. Кога користите пиво за готвење, нека биде тоа светло и послатко пиво со помала количина на алкохол.

СОСТОЈКИ
• 4 поголеми и потенки свински котлети
• 4 лажици масло
• 150 гр лупени домати
• 2 млади кромидчиња
• 150 мл светло пиво

за премачкување на котлетите
• 1 голема лажица плодови од смрека
• 2 чешниња лук
• ½ мала лажица мелен бибер
• 2 мали лажици сушена мајчина душица
• сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги плодовите смрека, биберот, мајчината душица, маслото и солта со помош на миксер. Со половина од добиената смеса, премачкајте ги котлетите. Пржете ги на загреано масло по 4 минути од секоја страна и потоа оставете ги на топло.

Чекор 2: во истиот сад, пропржете го младиот кромид кој претходно ситно сте го насечкале. Додадете ја преостанатата смеса од плод од смрека и доматите исечкани на коцки. Динстајте на умерен оган околу 4 минути.

Чекор 3: пред самиот крај, налејте го пивото, ставете ги котлетите и динстајте уште малку. Котлетите се сервираат со варени њоки или потпечено лепче.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Може ли магданосот навистина да го отстрани лошиот здив?

Општо познато правило е дека магданосот помага во отстранување на лошиот здив. Но, дали тоа навистина е така? Ова растение...

Close