wordpress counter

Свинско месо со жалфија

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 4,00 од 5)


Приготвувањето на овој специјалитет трае кратко, а уживањето зад трпезата веруваме дека ќе трае долго и ќе уживате во секој момент. Рецепт за секој вистински гурман.

СОСТОЈКИ (2 лица)
● 400 гр свинско месо
● 1 кг компири
● 1 врзоп жалфија
● шери домати
● сол и бибер
● 7 големи лажици маслиново масло
● зачини по избор
● 1 голема лажица црвен пипер
● 1 дл бело вино

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: истолчете го свинско месо. На средина ставете жалфија и завретете го во форма на ролат. Наросете сол и бибер и заврзете со кујнски конец.

Чекор 2: излупете и исечете го компирот на тркалца. Шери доматите исечете ги на половинки. Во сад за печење наредете го месото, ставете компири и шери домати од страните, полејте со масло и вино и наросете црвен пипер.

Чекор 3: печете во загреана рерна околу 45 минути. Откако ќе се испече, сервирајте го месото со неколку листови свежа жалфија.

Совет: наместо жалфија, може да употребите и рузмарин или лаванда. Наместо свинско може да се искористи и пилешко, телешко, мисиркино или јунешко месо.

Related Posts with Thumbnails

Comments Closed

Коментирањето е оневозможено.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

„Terra Cibus“ – екстремно зголемување на храната

Водена од грижата за природата и потеклото на лебот и храната, фотографката Карен Алперт, користи електронски микроскоп за да фотографира...

Close