wordpress counter

Телешко месо полнето со пршута и шампињони

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (50 гласа, просек: 1,88 од 5)


Денес, на менито имаме вистински специјалитет. Станува збор за похувано телешко месо, полнето со пршута и шампињони. Доколку сакате пријатно да ги изненадите вашите блиски со добра храна, тогаш овој рецепт е вистински избор. Да видиме што ни е потребно за да го подготвиме.

СОСТОЈКИ
• 300 гр телешко месо
• 50 гр пршута
• 50 гр шампињони
• јајце
• кромид

за похување
• јајце
• 2 големи лажици пармезан
• 1 голема лажица брашно
• малку сол
• малку мајчина душица
• лебни трошки

ПОДГОТОВКА
Исечете го телешкото месо на одрезоци и потоа со помош на кујнски чекан добро истолчете ги. Месото малку пресечете го преку жилите, за да не ви се собира при похувањето. Во тава пропржете малку кромид, па потоа додаете ги исечканите шампињони. По 7-8 минути, откако шампињоните малку ќе се соберат, додадете исечкана пршута и гответе уште малку. Потоа, додадете јајце и добро измешајте.

Наполнете ги парчињата телешко месо со оваа смеса и прицврстете ги со чепкалки. Направете смеса за похување од јајца, пармезан, брашно и малку мајчина душица. Одрезоците месо првин натопете ги во оваа смеса, потоа во лебните трошки.

Печете на умерена температура, секоја страна од одрезокот по 10 минути.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails