wordpress counter

Телешко месо со црвен грав

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денес предлагаме една уникатна комбинација од телешко месо, црвен грав и зеленчук. Веруваме дека ќе ви се допадне, особено што има и пикантно лут вкус. И сето тоа залиено со вино.

СОСТОЈКИ
● 300 гр телешко месо
● 200 гр црвен грав
● 1 морков
● 2 домати
● 1 китка магданос
● 1 виолетов кромид
● 2 дл вода
● 2 дл слатко црвено вино
● сол и бибер
● 100 гр брашно
● 1 лажица чили

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: истолчете ги и потоа исечкајте ги на ленти телешките одрезоци. Потоа, насечкајте ги морковот, доматите и кромидот на коцки. Во меѓувреме загрејте масло на оган и зачинете го телешкото месо со сол и бибер. Од една страна, месото посипете го со брашно.

Чекор 2: запржете го телешкото месо. Откако ќе се испржи, месото ставете го во друг сад, а во истата тава ставете ги кромидот, доматите, морковот и магданосот. На крај, додадете го гравот и полијте со 2 дл вино. Откако ќе провари, додадете вода, чили и варете уште 30-тина минути.

Чекор 3: сервираајте со тортиљи, а ако сакате полут вкус и табаско сос.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Свинско месо со жалфија

Приготвувањето на овој специјалитет трае кратко, а уживањето зад трпезата веруваме дека ќе трае долго и ќе уживате во секој...

Close