wordpress counter

Теријаки јунешко месо

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Теријаки е јапонска традиционален метод на маринирање на месо или риба. Ние, денес го одбравме тој начин на подготовка на вкусно јунешко месо. Доколку не сте по јунешкото месо, можете да искористите некој од нашите рецепти за риба и да го подготвите со теријаки маринада.

СОСТОЈКИ
• 4 јунешки одрезоци
• 1 дл оцет
• 1 дл балсамико оцет
• 2 дл масло
• сенф
• малку ѓумбир
• сол и бибер
• 2 главици кромид
• 1 голема лажица кафен шеќер

ПОДГОТОВКА
Еден ден пред готвењето, можете да го маринирате месото. Смесата се прави од оцет, балсамико оцет, сол, бибер, масло и сенф. Врз секој од одрезоците може да изрендате малку ѓумбир. Вака подготвено месото оставете го цела вечер во фрижидер.

Следниот ден, испржете ги шницлите од двете страни, за да добијат златно-кафена боја. Потоа, во истиот сад, испржете го кромидот. Вратете ги одрезоците во тавата и додадете ја маринадата. Доколку сакате, можете да додадете и малку ловоров лист.

Поклопете го садот и оставете да се крчка на висока температура. Во меѓувреме, додадете и една лажица кафен шеќер растопен во малку малка вода, за да се направи рамнотежа на киселиот вкус од оцетот. Наместо кафен шеќер, може да употребите и слатко црвено вино.

Варете околу час, час и половина, со постојано долевање на вода. Како гарнир можете да сварите ориз.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails