wordpress counter

Велигденско мени (1 дел) — Предјадење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, про­сек: 5,00 од 5)


Првиот дел од ста­ти­јата го посве­ту­ваме на две вку­сни пред­ја­дења — зелен ролат и солени кифлички, со кои одлично можете да ја започ­нете Велиг­ден­ската трпеза.

Солени кифлички

СОСТОЈКИ
• 800 гр бра­шно
• ¼ мар­га­рин или путер
• 4 јајца (2 јајца за пре­мач­ку­вање)
• 1 свеж ква­сец
• 300 мл млеко
• сол
• сусам или ким
• 200 гр сирење (гауда)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изма­тете го све­жиот ква­сец со 100 мл млеко и една лажица шеќер. Оста­вете на топло за да се подигне. Во меѓу­време, бра­шното про­ме­шајте го со 2 јајца, сол и рас­то­пен путер. На кра­јот, дода­дете го и ста­са­ниот ква­сец и по потреба малко топло млеко.

Чекор 2: мешајте ги сите состојки со помош на мик­сер. Мик­си­рајте сè додека сме­сата не започне да се одво­јува од садот. Потоа, садот покријте го со крпа и оста­вете го на топло за да стаса.

Чекор 3: откако тестото двојно ќе се зго­леми, раз­де­лете го на неко­лку топки. Изме­сете ја секоја од топките и од неа сечете три­а­го­лници. На секој три­а­го­лник ста­вете малку гауда и затво­рете го. Наре­дете ги во тава за печење обло­жена со хар­тија за печење. Раз­ма­тете две јајца со малку млеко и пре­мач­кајте ги кифлич­ките. Попр­скајте со ким или сусам. Печете во загре­ана рерна на 200℃, додека кифлите не доби­јат златна боја.

.

Зелен ролат

СОСТОЈКИ
• 4 јајца
• 4 лажици бра­шно
• 1 пра­шок за пециво
• сол
• 1 л јогурт
• 10 лажици спа­наќ (паси­ран)
• крем сир (по желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измик­си­рајте ги јај­цата со јогурт и паси­ран спа­наќ. Потоа, полека дода­вајте го бра­шното поме­шано со пра­шо­кот за пециво.

Чекор 2: сме­сата излијте ја во сад за печење. Загрејте ја рер­ната и печете околу 20 минути на 180℃. Испе­че­ниот ролат вед­наш завит­кајте го во вла­жна крпа.

Чекор 3: кога ќе се излади, отво­рете го и намач­кајте го со крем сирење. Пов­торно затво­рете го. Ста­вете го во фолија и оста­вете го на ладно. Се сече на пар­чиња и се служи како ладно пред­ја­дење или како при­лог со месо.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2013. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во За убав ручек