wordpress counter

Велигденско мени (2 дел) — Главно јадење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, про­сек: 4,67 од 5)


Дене­шниот ден го започ­ну­ваме со два вксуни пре­длози кои можат да се нај­дат на вашата Велиг­ден­ска трпеза — Пиле­шко месо на алпски начин и Теле­шко месо со суви сливи. Едниот или двата пре­длози можете да ги при­го­твите како допо­лну­вање на нашата тра­ди­ци­о­на­лна Велиг­ден­ска трпеза.

Пиле­шко месо на алпски начин

СОСТОЈКИ
• 1 кг пиле­шко месо
• 300 мл павлака
• 250 гр комири
• 100 гр моца­рела
• 100 гр рукола
• 100 гр вргањ (или други печурки)
• рузма­рин
• 150 мл бело вино
• 4 пиперки
• 100 гр мали домати
• 1 гла­вица кро­мид
• масли­ново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исе­чете ги малите домати и моца­ре­лата на пар­чиња. Изме­шајте ги со рукола и масли­ново масло. Потоа, земете парче пиле­шко месо, напра­вете отвор во сре­ди­ната и напо­лнете го со оваа смеса. Печете на скара, а ако немате услови за тоа, тогаш во рерна.

Чекор 2: во меѓу­време, под­го­твете го сосот. Про­пр­жете ги печур­ките, дода­дете малку кро­мид, рузма­рин, бело вино и про­до­лжете со дин­стање. Кон кра­јот, дода­дете ги павла­ката и рузмаринот.

Чекор 3: напра­вете гар­нир од пот­пе­чени компири и пиперки на скара. Серви­рајте во пра­зни­чен сервис. Најпрвин наре­дете ги компи­рите и пипер­ките во круг, во сре­дина ста­вете го сосот и врз него наре­дете го пиле­шкото месо исе­чено на парчиња.

.

Теле­шко месо со суви сливи

СОСТОЈКИ
• 500 гр теле­шко месо
• 100 гр лешници
• 100 гр суви сливи
• млад лук
• 10 мл оцет балса­мико
• сол, шеќер и масло
• малку густин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на загре­ано масли­ново масло испе­чете ги пар­чи­њата теле­шко месо. Изва­дете го месото од садот и во истото масло про­пр­жете ги и сувите сливи кои прет­ходно сте ги пре­се­кле на помали парчиња.

Чекор 2: во садот за печење дода­дете млад лук, балса­мико, малку вода и оста­вете да се дин­ста. На кра­јот дода­дете малку густин и лешници. Исе­чете го теле­шкото месо на пар­чиња и пре­лијте го со сосот.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2013. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во За убав ручек