wordpress counter

Велигденско мени: Јагнешки котлети и пире со Zigante црн тартуф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


За оваа посебна пригода, ви подготвивме и навистина посебен ручек. Се решивме за традиционалното јагнешко месо, но во комбинација со модерен додаток од пире комири, декорирани со цел Zigante црн тартуф.

Пире компири со Zigante црн тартуф

СОСТОЈКИ
• 40 гр конзервиран цел Zigante црн тартуф
• Zigante маслиново масло со вкус на црн тартуф
• 1 кг компири
• 100 гр путер
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Излупете и измијте ги свежите компири. Потоа, исечкајте ги на еднакви парченца, прелијте ги со вода, посолете и варете додека не омекнат.

Кога ќе бидат сварени компирите, исцедете и изгмечете ги. Додадете сол, путер, црни тартуфи насечкани на ленти и неколку капки маслиново масло со вкус на црн тартуф. Сервирајте го топло, како прилог кон јагнешките котлети.

.

Јагнешки котлети

СОСТОЈКИ
• 8 јагнешки котлети
• 1 шолја лебни трошки
• 1 шолја брашно
• 1 големо јајце
• 1 мала лажица морска сол
• ¼ шолја маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на температура од 180℃. Изматете го јајцето во голем сад. На работната површина нанесете брашно. Секој од јагнешките котлети попрскајте го со брашно, а потоа натопете го во јајце. Котлетите се пржат 6 минути – по три минути од секоја страна.

Потоа, наредете ги котлетите во сад за печење и покријте ги со алуминиумска фолија. Печете 15-25 минути.

Related Posts with Thumbnails