wordpress counter

Виенски шницли

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Виенските шницли се традиционално австриско јадење кое е мошне популарно во средна Европа. Во Австрија, ова јадење е познато како „Wiener Schnitzel“. Интересно е дека овој термин во Австрија е заштитен и ако јадењето го носи ова име мора да биде направено од телешко месо.

Инаку, сѐ уште постојат дебати од каде потекнува овој прекрасен специјалитет. Некои сметаат дека доаѓа од Милано, каде бил познат како „cotoletta alla milanese“, додека други велат дека јадењето настанало во Австрија во текот на 15-тиот век. Како и да е, ние ви подаруваме рецепт во кој можете да уживате во време на викенд.

СОСТОЈКИ
• 4 телешки стекa
• 1/4 шолја брашно
• 1 јајце, матено
• 1/4 чаша Битолско трајно млеко со 3,2% мм
• 1 шолја лебни трошки
• 2 лажици маслиново масло
• 2 лажици путер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Користејќи остар нож, засечете ја мембраната околу стековите, за да се спречи нивното виткање за време на готвењето.

Добро истолчете ги стековите од двете страни, со помош на кујнски дрвен чекан.

Потоа, шницлите наросете ги со брашно, потоа во смеса од јајце и млеко и на крај во лебни трошки.

Загрејте ги маслото и путерот во поголема тава. Пржете ги стековите на средна температура околу 3 минути од секоја страна, сѐ додека трошките не добијат светло кафена боја. Исцедете ги од маслото на впивлива кујнска хартија. Инаку, маслиновото масло се користи за да се спречи прегорувањето на путерот за време на пржењето. Општо правило е дека маслото се користи за готвење, а путерoт за вкус.

Оставете ги шницлите кратко време пред да ги сервирате во чинија со свежа салата и лимон.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails