wordpress counter

Бакалар со печени компири

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


МИЛЕВА СТОЈАНОВСКА
Скопје

Рибата е еден од најважните прехранбени продукти, кој треба да се консумира 2-3 пати неделно. Редакцијата на Гурман™ е секогаш среќна кога ќе добие ваш рецепт кој вклучува риба или други продукти со висока хранлива вредност. Нашата читателка и сега веќе пријателка, тетка Милева, нѐ почести за овој викенд со бакалар подготвен со компири.

СОСТОЈКИ
• 400 гр бакалар
• 250 мл маслиново масло
• 1.5 кг компири
• 4 чешниња лук
• сол, бибер
• ловоров лист и магданос
• лимонов сок или бело вино

ПОДГОТОВКА
Истружете го бакаларот и ставете го да се вари во студена вода. Варете околу 30 минути. Потоа, бакаларот извадете го од садот, исчистете ги кожата и коските, а поголемите парчиња пресечете ги на помали. Сочувајте ја водата во која се варела рибата.

Во сад за варење ставете од маслиновото масло и дел од насечакниот лук. Потоа, ставете дел и од излупениот компир, насечакан на тенки кришки. Посипајте со сол, лукот, магдонос и бибер. Наредете ред со риба и на тој начин наредете ја целата количина на риба и компир. Најгорниот слој мора да е со компир.

Прелејте го јадењето со водата во која се вареше рибата, при што целата содржина треба да биде во течност. Додајте ги ловоровиот лист и преостанатото масло и варете (без мешање) сѐ додека не омекне компирот. Садот за време на готвењето треба да се протресе неколку пати.

Пред да завршите со готвењето, додадете го и виното.

Се служи веднаш по приготвувањето, посипано со свеж магданос.

Related Posts with Thumbnails