wordpress counter

Чоколадни интегрални рози

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Катерина Милошевска

Нашата читателка Катерина ни испрати еден навистина сладок рецепт. Станува збор за чоколадни интегрални рози, кои се одличен десерт по секое вкусно јадење.

СОСТОЈКИ
• 180 гр чоколадо за готвење
• 50 гр путер
• 100 гр интегрален корнфлекс
• 25 гр шеќер во прав
• 2 големи лажици мед

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете ги путерот и чоколадото во сад за варење. Вклучете го шпоретот на умерен оган и ставете го садот за да се стопат чоколадото и путерот.

Чекор 2: во блендер, измешајте 25 гр корнфлекс и 25 гр шеќер во прав. Оваа смеса префрлете ја во садот со растопено чоколадо. Додадете ги преостанатиот корнфлекс и медот. Измешајте убаво, за да се добие хомогена смеса.

Чекор 3: со помош на лажица земете помала количина и формирајте десерт во вид на роза. Ставете го во сад кој сте го обложиле со хартија за печење. Направете рози од целата смеса. Откако ќе бидат подготвени колачите, оставете ги да отстојат во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails