Чоколадни коцки
МАЈА НИКОЛОВСКА-ПЕТРОВСКА
Велес
Ова е еден од бројните рецепти кои ни ги испраќаат нашите читатели и вљубеници во готвењето. Маја ќе ни го направи овој викенд навистина сладок. Рецептот се вика чоколадни коцки и е одличен десерт по главното јадење.
Никој не може да одолее на ваков чоколаден десерт. Направете го за вашето семејство и пријателите. Сите ќе уживате во заеднички поминатото време. За да биде комплетно задоволството, можете заеднички да одиграте партија покер на sk.partypoker.com. Тоа одично се надополнува со чоколадното уживање. Или понесете од чоколадните коцки со вас на работното место и сите ќе се чувствуваат како да е петок. Чоколадото навистина знае да прави чуда! Уживајте.
СОСТОЈКИ (за 10 парчиња)
за тесто
• 140 гр путер
• 140 гр шеќер
• 140 гр ореви, мелени
• 4 јајца
• 3 реда темно чоколадо
• мармалад
• прашок за пециво
• 1 лажица лебни трошкиза фил
• 50 гр путер
• 50 гр чоколадо за готвењеПОДГОТОВКА
Изматете го путерот со постепено додавање на шеќер, една по една од жолчките, лебните трошки, оревите, ренданото чоколадо, малку прашок за пециво и цврст шлаг од 4-те белки од јајцата.Добиеното тесто ставете го во тава за печење и потоа печете во шпорет на умерена температура. Откако ќе биде готово, оставете го малку да се олади. Потоа, премачкајте го со мармалад по желба и со глазура (50 гр путер растопете со 50 гр чоколадо).
Пресечете го на коцки и сервирајте.









Коментирај