wordpress counter

Чоколадо со ориз

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Маја Доле­ска
Прилеп

Пред еден месец нашата читателка Маја ни испрати еден одличен рецепт за тулумби. Се надеваме дека веќе го приготвивте, затоа што следува вториот нејзин рецепт. Станува збор за чоколадо со ориз.

СОСТОЈКИ
● 300 гр чоколадо
● 4 лажици масло
● 400 гр еурокрем
● 100 гр експандиран ориз

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад се става маслото, а потоа се додава чоколадото за да се стопи. Откако ќе се стопи, се додаваат еурокремот и оризот. Сите состојки се мешаат заедно (по вкус, може да се додадат и сечкани ореви).

Чекор 2: смесата се става во сад и се остава да се стврдне во фрижидер. Откако ќе се стврдне, се сече на парчиња и се служи како десерт.

Related Posts with Thumbnails