- Гурман™ - http://gurman.mk -

Чоколадо со ориз

(5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Маја Доле­ска
Прилеп

Пред еден месец нашата читателка Маја ни испрати еден одличен рецепт за тулумби [1]. Се надеваме дека веќе го приготвивте, затоа што следува вториот нејзин рецепт. Станува збор за чоколадо со ориз.

СОСТОЈКИ
● 300 гр чоколадо
● 4 лажици масло
● 400 гр еурокрем
● 100 гр експандиран ориз

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад се става маслото, а потоа се додава чоколадото за да се стопи. Откако ќе се стопи, се додаваат еурокремот и оризот. Сите состојки се мешаат заедно (по вкус, може да се додадат и сечкани ореви).

Чекор 2: смесата се става во сад и се остава да се стврдне во фрижидер. Откако ќе се стврдне, се сече на парчиња и се служи како десерт.