wordpress counter

Лондонери

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, про­сек: 4,86 од 5)

ЈАСНА ЈАНКОВСКА
Ско­пје

Јасна ни понуди рецепт за мали кола­чиња познати како Лон­до­нери. Она што успе­авме да дозна­еме е дека ста­нува збор за хрват­ски дели­ка­тес кој е неве­ро­јатно вку­сен и лесен за приготување.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 250 гр бра­шно (поло­вина остро, поло­вина обично бра­шно)
• 200 гр мар­га­рин за колачи
• 80 гр шеќер
• 2 жолчки
• 2 големи лажици рум
• малку сол
• кора од лимон, изрендана

за фил
• 4 белки
• 100 гр шеќер во прав
• 50 гр
• сеч­кани ореви
• 100 гр мар­ма­лад
• кора од лимон, изренадана

ПОДГОТОВКА
Ста­вете го бра­шното во подла­бок сад, дода­дете го мар­га­ри­нот исеч­кан на тенки пар­чиња, потоа дода­дете ги и дру­гите состојки и заме­сете го тестото. Рас­тег­нете го во голе­мина на тавата во која ќе го печете. Откако ќе ја нама­стите тавата, печете го тестото 7 минути на 170°С.

За филот, нај­на­пред измик­си­рајте ги белките од јај­цата, а потоа, дода­дете го шеќе­рот во прав и изрен­да­ната кора од лимон и пов­торно со мик­сер изме­шајте го филот.

Пече­ното тесто пре­мач­кајте го со мар­ма­лад, потоа сме­сата со сне­гот од белки и на крај орев­чи­њата (по вкус, може да бидат на пар­чиња или мелени). Печете уште 20 минути на 100°С.

Редак­ци­јата на Гур­ман™ го испроба реце­птот пред да го објави. Со еден збор — совр­шено.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВАШИ РЕЦЕПТИ