wordpress counter

Перничиња со јогурт

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Наташа Карафилоска
Гостивар

Нашата редовна чита­те­лка Наташа ни испрати нави­стина посе­бен рецепт. Прекрасен спе­ци­ја­ли­тет за љубителите на тесто.

СОСТОЈКИ
• 200 мл јогурт
• 200 мл млеко
• 1 јајце
• 1 прашок за пециво
• 2 мали лажички сол
• 1 мала лажичка шеќер
• 2 големи лажици масло за јадење
• 900 гр брашно

ПРИГОТВУВАЊЕ
Од сите состојки се замесува тесто. Се остава да постои околу 20 минути. Тестото го делиме на 4 дела. Секој дел се расукува во кора со дебелина од околу 1 см и го сечеме во форма на квадрати. Постапката ја повторуваме со сите делови.

Се пржи во длабока тава во врел зејтин. Додека се пржат се тресе тавчето за да може врелото масло да ги фати од двете страни и така тие убаво се полнат со воздух и изгледаат како перничиња. Испржените перничиња ги ставаме на хартија за да ја впие непотребната маснотија. Се јадат топли со чаша јогурт.

Related Posts with Thumbnails