wordpress counter

Пилешко месо со кари

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (16 гласа, просек: 4,44 од 5)


Лепа Трпевска
Скопје

Нашата постојана читателка Лепа ни испрати навистина примамлив рецепт. Станува збор за пилешко месо со кари. Јадење кое може да го подготвите како главно јадење, токму за викенд.

СОСТОЈКИ
• 500 гр пилешки стек
• 400 гр свежи шампињони
• 400 мл павлака
• 2 моркови
• 2 главици кромид
• 2 лукчиња
• 1 лажица мајонез
• 3 лажички исецкан свеж магдонос
• 1 лажичка кари
• сол, црн бибер и масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Се става пилешкиот стек во длабок сад со вода и се вари дваесетина минути на тивок оган.
За тоа време, се сечка кромидот, лукот и морковот на мали коцки и се ставаат на оган да се пржат со малку масло. Се трга месото од оган, се мие, се процедува и се сече на поголеми коцки. Се сечкаат и шампињоните.

Кога кромидот ќе зарумени, се додава месото да се пропржи во садот, а по десетина минути се додаваат шампињоните, павлаката, мајонезот, магдоносот и зачините. Сите состојки се промешуваат, садот се трга од оган и целата смеса се става во сад за печење. Јадењето се пече во загреана рерна околу 20 минути.

Related Posts with Thumbnails