wordpress counter

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Убавка Син­дев­ска
Делчево

Нашата редовна чита­те­лка Убавка од пре­кра­сното Делчево, ни испрати уште по пре­кра­сен рецепт за десерт. Ста­нува збор за ролат од кокос.

Веру­ваме дека многу од вас го имаат вку­сено, но ние решивме да го обја­виме овој рецепт за сите оние кои досега немале можност да ужи­ваат во овој десерт.

СОСТОЈКИ
• 250 гр мар­га­рин
• 250 гр шеќер
• 250 гр бисквити (мелени)
• 50 гр суво гро­зје
• 250 гр кокос
• 100 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад за готвење го топиме мар­га­ри­нот заедно со 70 мл вода и 250 гр шеќер. Кога сме­сата ќе се стопи, садот го тргаме од оган и во сме­сата ги дода­ваме меле­ните бисквити, коко­сот и сувото гро­зје. Ја мешаме целата смеса убаво, за да стане хомогена.

Потоа, на фолија на која сме ста­виле малку масло, ја ста­ваме сме­сата и полека фор­ми­раме ролат. Рола­тот од кокос го ста­ваме во фри­жи­дер за да се излади. На крај, го попр­ску­ваме со чоко­ладо, кое прет­ходно сме го растопиле.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВАШИ РЕЦЕПТИ