wordpress counter

Селско месо

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (30 гласа, просек: 4,67 од 5)


Марија Зафировска
Скопје

Нашата редовна читателка Марија, која ни го испрати и рецептот за топло-ладен колач, кој е и најчитаната статија на нашиот портал, ни испрати уште едно прекрасно гастрономско задоволство.

Станува збор за прекрасниот македонски специјалитет – Селско месо.

СОСТОЈКИ
• 200 гр свинско месо
• 200 гр телешко месо
• 200 гр пилешко месо
• 200 гр мелено месо (мешано)
• 2 големи моркови
• 1 китка магдонос
• 300 гр печурки
• сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер
• лук
• буковец или сува пиперка
• магдонос
• малку брашно и оригано
• 30 мл бело вино

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во меленото месо се става ситно исечкана 1 главица кромид, бибер, сол, сув мешан зачин, 1 лажица сода бикарбона, брашно и оригано. Смесата убаво се замесува. Се остава да стои во фрижидер 1-2 часа покриено со фолија, па потоа од него се прават мали ќофтиња.

Месото се сече на коцки и секое парче месо се пржи на топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид, морковот исечкан на тенки кругови и ситно сечкан магдонос. Сето тоа добро се пропржува, па се додаваат печурките и заедно се пржи околу 5-10 минути.

Во земјена тава се става месото, заедно со ќофтињата, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и морков.

Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150℃ и се готви 2 часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2-3 часа на тивок огран.

На крајот, се додава запршка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути.

Совет: пред сервирање се додава 1 павлака за подобар вкус.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2016. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

„Google“ влегува во светот на пивото

Откако спореведе анкета помеѓу своите вработени за тоа какво пиво би требало да произведат, „Google“ собра еден тим на луѓе...

Close