wordpress counter

Сирова храна или „жива кујна“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (25 гласа, просек: 4,72 од 5)


Маја Платнар
Скопје

Денешните рецепти ги посветуваме на таканаречената „жива кујна“. Станува збор за оброци каде храната се консумира сирова, без термичка или друг вид обработка поради која може да загуби многу од своите здрави состојки. Затоа, денес ви предлагаме комплетно „живо“ мени, кое ни го испрати нашата редовна читателка Маја.

Појадок

Смуди од тиква

Исцедете тиква, портокал, цитрон и китка нане. Кон сокот се додава и остатокот од цедените продукти, се додава киснета пченица, банана и ленено семе. Сите состојки се миксаат во блендер, сѐ додека не се добие хомогена смеса.

Ручек

СОСТОЈКИ
• 1 чаша искиснат грашок
• неколку листови целер и босилек
• 1 зелена пиперка
• младо кромидче
• неколку индиски оревчиња или бадеми
• половина чаша вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сите состојки се ставаат во блендер и миксајте за да добиете хомогена смеса. Се додава масло и сок од лимон по вкус. Може да се додаде и кој било зачин: сол, бибер, кари… Се сервира со јогурт од конопово семе.

Јогурт од конопово семе

Коноповото семе се меле во млин и се става во блендер, во однос 1-1 со вода. Се додава малку индиски киснети оревчиња и бибер.

Вечера

Суви колачи и млеко од бадем

Се меша една чаша ореви, една чаша киснета пченица, една лажица мед, една чаша суво киснето грозје. Сите состојки ставете ги на хартија и сушете на 50℃ во рерна 4 часа. Сервирајте со чаша млеко од бадем.

Млеко од бадем

50 бадеми киснат цела ноќ во вода. Следниот ден се ставаат во блендер со водата што киснеле, бидејќи во неа се сите ензими. Состојките се миксаат додека не станат прав. Се додава вода до литар и се заблажува по вкус со мед, агава сируп и јаворов сируп.

Related Posts with Thumbnails