wordpress counter

Таљатели со три вида печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (30 гласа, просек: 4,87 од 5)


Теа Ичева
Скопје

Добивме интересен рецепт кој гарантираме дека нема да згрешите ако го приготвите овој или некој следен викенд.

СОСТОЈКИ (за четири лица)
• 500 гр таљатели
• 3/4 чешниња лук
• 500 гр печурки (три вида по избор)
• 1 ½  лажица путер
• свеж магданос
• павлака
• пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во претходно загреан маслинов зејтин ставете го ситно исецканиот лук и пржете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки, претходно зачинети со сол, бибер и лимон по желба.

Садот за пржење треба да е доволно голем за да може сите печурки рамномерно да се распоредат и да не дојде до нивно преклопување. Времето на приготвување да не биде повеќе од 15 мин на силен оган.

Во меѓувреме, сварете ги таљателите, за кои ви се потребни 7-8 минути. Сварените таљатели ставете ги во тавата со печурки, заедно со мала количина од  водата во која се вареле. Промешајте ги добро сите состојки. Потоа, садот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан и сецканиот магдонос. Повторно целата смеса убаво се промешува.

Сервирајте во чинија со малку маслинов зејтин, магдонос и пармезан насечкан на тенки ленти. На крај, додадете павлака по желба.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails