wordpress counter

Торта со калинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,83 од 5)


Мирјана Апостоловска
Кавадарци

Оваа недела ја посветивме на калинките. Пред два дена зборувавме за нив и нивната употреба. А за викендот, споделуваме еден рецепт кој ни го испрати Мирјана.

СОСТОЈКИ

за кора (пандишпан)
• 5 јајца
• 5 лажици шеќер
• 5 лажици брашно

за фил
• 4 кесички пудинг од ванила
• 1 литар млеко
• 2 калинки
• 2 портокали
• 2 банани
• сок од 1 лимон
• 3 мандарини
• шлаг (по избор)

ПОДГОТОВКА
Измиксирајте ги брашното, јајцата и шеќерот. Потоа, тестото испечете го и откако ќе се излади исечкајте го на коцки.

Во меѓувреме, исчистете го овошјето (без калинките). Бананите прелијте ги со сокот од лимон. Со помош на млекото подгответе ги 4 кесички пудинг, без да додавате шеќер.

Во огноотпорен стаклен сад наредете прво овошје, потоа пандишпан и на крај пудинг. Потоа повторете го уште еднаш редењето по истиот редослед. Украсете со шлаг и посипајте по целата површина со зрнца калинки.

Related Posts with Thumbnails