wordpress counter

Тулумби

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (15 гласа, просек: 4,67 од 5)


Маја Долеска
Прилеп

Нашата редовна читателка и вљубеник во храната, Маја, ни испрати еден навистина интересен рецепт. Станува збор за еден од омилените десерти кај нас – тулумбите.

СОСТОЈКИ
● 400 гр брашно
● 1/2 литар вода
● 5 јајца
● 6 лажици масло
● 1 пециво

за шербет
● 1 кг шеќер
● 1/2 литар вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на оган ги ставаме водата и маслото да зовријат. Потоа, садот го отстрануваме од оган и го додаваме брашното. Се остава да се излади.

Чекор 2: кога смесата убаво ќе се излади, ги додаваме јајцата едно по едно и потоа мешаме со миксер, сѐ додека смесата не се изедначи и не стане хомогена.

Чекор 3: во меѓувреме го приготвуваме шербетот. Ги ставаме шеќерот и водата да зовријат.

Чекор 4: од смесата полниме во калапи за тулумби и ги пржиме во врело масло. Кога ќе заруменат, се вадат. Откако тулумбите ќе се изладат, ги преливаме со претходно подготвениот шербет кој сме го оставиле да се излади.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Што не сте знаеле за вашиот омилен пијалак? (1 дел)

Секој од нас си има омилен алкохолен пијалак. За среќа, ги има толку многу, што секој може да си одбере...

Close